Америка и Русија на раб на судир од невидени размери: Односите полоши и од времето на Студената војна

Америка и Русија на раб на судир од невидени размери: Односите полоши и од времето на Студената војна!

Американскиот претседател Доналд Трамп, познат по своите објави на Твитер, ни овој пат не остана ладен на заканите кои стигнаа од Либан од рускиот амбасадор Алексанер Засипкин.

Засипкин рекол дека „Русите ќе ја соборат секоја американска ракета истрелана кон Сирија“.

Трамп на Твитер порача: „Русија ветува дека ќе ја собори секоја ракета истрелана на Сирија. Подгответе се, бидејќи тие доаѓаат, убави, нови и „паметни“! Не би требало да бидете партнери со „животно“ кое својот народ го убива со гас и притоа ужива!“

Сепак, нецел час откако предупредил дека наскоро може да се очекува ракетен напад на Сирија, Трамп ја повикал Русија на прекин на „трката во вооружување“ и понудил помош за јакнење на руската економија.

Трамп порачал и дека односите помеѓу САД и Русија никогаш не биле полоши, дури ни за време на Студената војна.

Русија на понудата одговори дека прво би требало да почнат со уништување на американското хемиско оружје.

Москва исто така соопшти дека руската војска внимателно ги следи состојбите со Сирија и е запозната со движењето на американските воени бродови кои се на пат кон Заливот.

Американската морнарица објави во вторникот дека борбена група, предводена од носачот на авиони USS Harry S. Truman, ќе тргне во среда кон Блискиот исток и Европа.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рекол во средата дека САД ги измислиле извештаите за хемиски напад во Дума и порачал дека тоа не смее да се искористи како оправдување за американски напади на мети на сириската Влада.

САД со своите сојузници разгледуваат дали да ја нападнат Сирија поради наводниот хемиски напад во саботата во Дума покрај Дамаск, а за кој лекарските организации процениле дека убил најмалку 70 лица.