4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Неверојатен бизнис во регионот: За килограм од ова плаќаат 100.000 долари, а еве како се добива

Пчеларите во општина Сврљиг, која има најмногу кошници во Србија, освен производство на мед, млеч и прополис, започнале да се занимаваат и со производство на пчелин отров, пишува Б92.

Апитоксинот на светскиот пазар достигнува цена и до 100.000 долари за килограм.

Милош Богдановиќ од село Галибабинац со својот татко одгледува пчели. Имаат 140 кошници и од пчелите земаат сè што тие нудат, мед, млеч, прополис, а во последно време и пчелин отров, кој спаѓа помеѓу најјаките биолошки отрови.

„Пчелиниот отров е силен катаизатор, ги забрзува хемиските процеси во организмот, ја подобрува циркулацијата, поволно делува на работата на срцето, преку 24 автоимуни заболувања“, објаснува Богдановиќ за телевизијата.

Тој вели дека се добиваат многу мали количини отров и дека за еден грам отров потребни се околу 15 пчелни заедници.

„Тоа е една од причините за високата цена. Цената се движи од 20.000 до 100.000 долари за килограм“, истакнува тој за Б92.