12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Како да препознаете глупави луѓе: Фројд тоа го откривал со една единствена реченица!

Зигмунд Фројд, најпознатиот психијатар и таткото на психоанализата ни остави генијални мудрости и изреки за сите времиња.

Помеѓу нив, тука е и лекцијата која сите треба да ја запомниме – како да препознаете глупави луѓе!

Легендарниот психијатар многу брзо ја открил човековата глупост, а како и вие да ја откриете, советува во една реченица:

„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, рекол Фројд.

Значи, кога ќе се најдете во ситуација, вие да се срамите поради нечие туѓо однесување или изјава, или се чудите поради некои луди постапки – веднаш знаете со кого имате работа. Ако не ве ценат, немојте да се докажувате – бидете тоа што сте!

Не е проблемот во вас, во нив е. Немојте поради тоа да ги спуштате вашите критериуми и да го правите она што тие ќе го посакаат, не бидете нивни кловн. Верувајте дека во еден момент ќе ве искористат, тоа е во луѓето. Кога ќе им дадете еден прст – тие ја земаат цела рака. На крајот поради се повеќе нема ниту да ве ценат, па се што сте сториле и поминале ќе биде залудно.

Ако не ве ценат не се докажувајте – бидете тоа што сте. Не ја спуштајте цената на вашето достоинство поради стекнување доверба, и онака нема да ја добиете. Ако не ви веруваат – немојте да им докажувате и да се правдате што правите, како правите и зошто правите. Кога не сакаат да веруваат – нема да веруваат. Ќе го искористат тоа за лоши намери. Доволно е да останете верни на себе си наспроти се и ќе видите како работите по некое време самите ќе се менуваат. Не очекувајте промена преку ноќ.

Ако не ве ценат не се докажувајте – бидете тоа што сте. Немојте да ги молите за љубов ако не ве сакаат. Тоа ќе ве сотре и ќе ви ја уништи вербата во луѓето. Немојте да ползите пред таквите луѓе, да дозволите во вашата присутност да изнесуваат само негативности од туѓиот живот, тоа ви е најдобриот знак дека од таквите луѓе треба да се тргнете час поскоро и да размислите за вашата желба да бидете дел од нивниот живот.

Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе ги пронајдете таквите луѓе чувајте ги како капка вода на дланка, а останатите занемарете ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но еднаш кога ќе ги препознаете не дозволувајте ништо да ве оддалечи од нив. Кога вие ќе станете најдобрата верзија на себе си тогаш ќе се појават луѓе чија присутност ќе стане вистинска авантура на заедничкото живеење. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане тоа што секогаш сте го посакувале, пренесе Магазин.ба.

Спонзорирано: