10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Фото: Градник вреден 40.000 евра! Цариниците се посомневале во изјавата на патниците, па направиле претрес

Фото: Градник вреден 40.000 евра! Цариниците се посомневале во изјавата на патниците, па направиле претрес!

На граничниот премин Градина во Србија, цариниците задржале речиси 40.000 непријавени евра.

На излез од Србија, за детална контрола бил одвоен „мерцедес“ со германски регистерски ознаки во кој тројца турски државјани патувале од Германија во Турција.

Цариниците се посомневале во изјавата на возачот кој рекол дека сите заедно имаат 600 евра, па детално ги прегледале патниците во автомобилот.

Тогаш во градникот на едната патничка биле пронајдени 62.000 евра замотани во целофан и уште 5000 евра во паричник скриен во појасот околу нејзиниот струк.

Бидејќи патниците изјавиле дека парите кои биле пронајдени се заеднички, на секому му биле вратено по 10.000 евра, додека остатокот бил привремено задржан.

Спонзорирано: