20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Го фотографирала синот, а го фатила најстрашниот момент во историјата (Видео)

Денот кој на луѓето ширум светот им е врежан во сеќавање – 11 септември 2001 година. Тоа бил најсмртоносниот терористички напад на тлото на Америка, а околу 3.000 луѓе загинале кога два авиони удриле во кулите Близначки.

Во текот на сите овие години, во јавноста се појавиле многу фотографии од овој напад, меѓу кои имало и ретуширани кои не го прикажувале вистинскиот ужас.

Поради тоа се јавува скептицизам секогаш кога ќе се појави некоја нова фотографија од 11-ти септември.

Слично нешто се случило и кога еден корисник на Reddit поставил една таква слика. На неа е прикажано момчето Остин Сансом, а во позадина се гледа како од една од кулите се издига густ чад. Фотографијата очигледно е снимена непосредно по нападот.

Објаснил дека тоа утро мајката го сликала и дека верува дека успеала случајно да го фати моментот после ударот на првиот авион.

Спонзорирано: