9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Се венчале и после 10 години брак пронашле стара фотографија која открила невидена игра на судбината

Брачниот пар Џи и Су се пронашле на заедничка фотографија која е направена кога биле тинејџери, а ја откриле откако се венчале.

Тогаш двајца странци, позирале на исто место во исто време, пред огромна црвена скулптура во кинескиот град Чингдао. Случајно, се нашле на иста фотографија, а деценија подоцна биле во брак.

Овој неверојатен развој на настаните се случил на кинески пар кој неодамна случајно открил стара слика. Су и нејзиниот сопруг Џи се сретнале уште во јули 2.000 година, а тоа не го знеле, пред конечно да се запознаат во друг град, илјада километри подалеку, и години подоцна.

Су тогаш била со мајка си која се опоравувала од операција, додека Џи бил дел од група туристи. Двајцата во ист момент позирале за фотографија на градскиот плоштад.

Сепак, по фотографирањето отишле секој по својот пат. Дури и кога се сретнале 2011 година и се заљубиле, не знаеле за пропуштената прилика додека неодамна не ја пронашле старата фотографија.

– Кога ја видов фотографијата се наежив, рекол Џи.

Нивната приказна станала вирална, а нивните пријатели тврдат дека тоа е непобитен доказ дека се судени еден за друг.

Спонзорирано: