Времето се менува: До сабота дожд, а еве што ќе следи од недела

Еве што прогнозираат синоптичарите за наредниве денови…

Утре претежно во планинските региони ќе има услови за појава на локален дожд, а во четврток ќе се задржи суво време.

Нови врнежи од дожд ќе има во петок претпладне, особено во западните делови.

Во сабота во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а ќе биде и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.

Во недела врнежите ќе се со послаб интензитет и ќе биде посвежо.