Вознемирувачка снимка од убиство во судница: Дали полицијата ги преминала овластувањата

Соочени со бројни критики и обвиненија американските власти објавиле снимка од драматичен настан во судница во Јута пред четири години.

Во главна улога е обвинетиот Силае Ангилау, припадник на 17-члена банда, на која и е судено за изнуда, вооружени грабежи и напади.

Во еден момент Ангилау станува, зема пенкало од адвокатот и се залетува кон столот на кој седел сведокот, инаку член на банадата.

Полицаецот во судницата брзо реагирал и со четири куршуми го усмртил Ангилау. Адвокатот на семејството на покојникот смета дека полицаецот панично реагирал и не морал да примени насилство.

Според неговите зборови, обвинетиот бил на под после првото пукање, а потоа добил уште три куршуми.

Откако наложил јавно објавување на снимките од трагичлниот настан, окружниот судија Џон Доудел ги отфрлил тврдењата на семејството на Ангилау дека властите, користејќи оружје, ги надминале овластувањата.