Детали за трагедијата: Објавени фотографии од последниот лет на ќерката на турскиот тајкун

Богатата наследничка на семејството Башаран и ќерка на тајкунот Хусеин Башаран, дваесетгодишната Мина, која во април требало да се омажи за Мурат Гезера, успешен бизнисмен од Истанбул, заедно со уште седум свои пријателки, две пилотки и една стјуардеса, биле на пат од Дубаи за Турција.

Турскиот печат често пишувал за Мина и нејзиниот вереник Мурат, бидејќи двајцата биле млади, богати, многу успешни во своите работи и познати лица на турскиот џет-сет.

Медиумите ги објавиле последните фотографии на Мина, на кои е во друштво на своите седум пријателки, како и фотографии од авионот и пред самото полетување на леталото за Дубаи, каде девојките отпатувале како би ја прославиле веридбата на Мина.

На една фотографија се гледа како Мина влегува во авион со букет цвеќе, додека на друга со пријателките, но и пилотките и стјуардесата кои исто така и биле познанички.

Леталото било во сопственост на компанијата на нејзиниот татко.

Меѓу седумте пријателки на Мина кои настрадале биле и познанички кои неодамна ги запознала, а некои ги познавала одамна, како познатата модна дизајнерка Лиане Хананел, која има своја марка познати костими за капење.

Причините за несреќата се уште се истражуваат. Наводно во леталото избил пожар и снемало кислород, а тоа тврдење го поткрепува информацијата дека авионот нагло изгубил на висина. Друга верзија вели дека проблемот настанал кога автопилотот бил исклучен, а пилотките не биле во состојба успешно да искординираат.

Телата на загинатите девојки се уште се наоѓаат во Иран, а по завршувањето на обдукцијата, ќе бидат пренесени во Турција.