Трагедија: Во пад на авион загина ќерка на познат бизнисмен, се враќала од моминска вечер

Турски авион вчера се сруши на југозападот на Иран, при што загинале 11 лица.

Освен тројцата членови на екипажот, жртви биле ќерка на бизнисмен и нејзините седум другарки кои се враќале од моминска вечер.

Авионот летал од Шарџа, во Обединетите Арапски Емирати, кон Истанбул. Иранската агенција Тасним јавува дека се работи за приватен авион.

Турските медиуми пренесоа дека во авионот загинала ќерката на бизнисменот Хусеин Басаран, Мина (28) и седум нејзини другарки кои се враќале во Истанбул од моминска забава во Дубаи.

Таа, според турските медиуми, требало да се омажи во април. Вчера на Инстаграм објавила фотографија со пријателките, кои денес, заедно со неа, настрадале.