7.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Нашол 40.000 евра и ги вратил на сопственикот, еве и колкава награда добил

Синиша Дабиќ, работник во белградскиот аеродром „Никола Тесла“, пронашол изгубени 40.000 евра и ги вратил на сопственикот.

Како што рекол, црната торба ја нашол на паркингот, ја отворил и внатре имало лаптоп компјутер и полн паричник.

Чесниот пронаоѓач за своето дело не сакал никаква награда.

– Го запознав човекот, дојде по половина час и беше среќен. Со години работел во Норвешка, дошол со парите и ги загубил, рекол Дабиќ.

Кога ги изброил парите и се уверил дека се е на место, на пронаоѓачот му дал 50 евра.

-Јас не сакав да ги земам, тој инсистираше, па тогаш ги зедов и ги почестив колегите, изјавил Дабиќ.

Неговите колеги пак, велат дека тој е примерен работник.

Спонзорирано: