Мајка бел носорог им одржала лекција на гладни хиени (Видео)

National Geographic објави снимка на француски фотограф кој живее во Кенија, а која прикажува како мајка бел носорог ги штити бебињата од хиени.

Овие сцени ги снимил Николас Урлахер кон крајот на минатата година.

Мајката бел носорог се покажала како бескомпромисен заштитник на своите младенчиња, додека хиените како одлични ловци.

Мајката се врти како би ги оддалечила хиените од своите младенчиња, со оглед на тоа што знае дека тие се премлади за сами да се бранат.

Иако хиените го измориле носорогот, авторот на снимката напоменал дека смејството на носорогот успешно избегало.