Астероидот „Bennu“ брза кон Земјата: НАСА има пеколен план – ќе го гаѓа со нуклеарка?

Астероидот Bennu, со пречник од 500 метри, кружи околу Сонцето со брзина од 101.388 км/ч, а научните истражувања покажуваат на можност од 1:2700 дека би можел да ја погоди Земјата 2135 година.

НАСА не верува дека Земјата би можела да биде загрозена, но сепак секогаш постои шанса нешто да се промени во патувањето, па затоа не сакаат да го препуштат ова на случајноста.

Од таа причина покренат е проектот под назив HAMMER (Asteroid Mitigation Mission for Emergency Response), кој го водат NNSA, NASA и два американски оддела од Министерството за енергија.

Сакаат да лансираат летало со тежина од 8,8 тона кое го нарекуваат „импактор“ и со него да го погодат овој астероид, или да користат нуклеарно оружје за одвраќање или уништување.

Иако проектот е покренат, тоа се уште не значи дека ќе биде реализиран бидејќи се проценува дека трошоците ќе изнесуваат повеќе милијарди долари.

На астероидот Bennu оваа година би требало да стигне леталото OSIRIS-REx кое е лансирано 2016 година и да донесе примерок од него на Земјата, по што ќе дознаеме повеќе податоци за неговиот состав и колку силен би бил ударот ако не погоди.