18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Уапсени медицински сестри: Сексуално искористувале пациенти во старечки дом

Во малиот град Фејет, во американската сојузна држава Ајова, две негувателки се обвинети за сексуално искористување на пациенти.

Пеги Лин Џонингмеиер (23) и Меган Марие Пени (26) завеле двајца пациенти од старечки дом, а врската прераснала во сексуален однос.

На прв поглед, би можело да се заклучи дека станува збор за слобода на избор, приватна работа на негувателките и пациентите. Меѓутоа, всушност се работи за пациенти на отворена психијатриска клиника кои судот ги сместил во оваа установа.

Еротските односи на медицинските сестри се откриени кога двајца пациенти се забележани со нив во одвоени простории.

Полицијата интервенирала, ги уапсила негувателките на кои им се заканува казна до пет години затвор.

Спонзорирано: