Мајка родила споени близначки. 10 години подоцна, тие изгледаат целосно поинаку! (Видео)

Џес и Ами Карлсен среќно ги дочекале своите новородени близначки, Исабел и Аби, на овој свет. Кога се родиле, веднаш инстиктивно посегнале со рацете една кон друга.

Исабел и Аби дошле на овој свет заедно. Овие идентични близначки биле споени од градите до стомакот. Срцето на Исабела било длабоко во градниот кош на Аби, додека останатите органи биле испреплетени.

Родителите имале многу тешка одлука пред себе: дали да се обидат да ги раздвојат своите девојчиња? Тие поминале 6 месеци во болница по раѓањето.

Престижната Мајо клиника се согласила да ги раздвои девојчињата, во опрација во која учествувале 17 хирурзи и која траела 12 часа.

Две недели подоцна, девојчињата биле подготвени за да си одат дома, раздвоени. Тоа било пред 10 години.

Тие немаат ни сеќавање дека биле споени, меѓутоа нивниот однос зборува поинаку – овие сестри се неразделни во секој поглед.

„Во трговски центар, сакаме да се држиме за раце. Чудно е“, велат Изабела и Аби.

Она што најмногу изненадува не е тоа што успеале да преживеат, туку желни се за напредок. Двете се здрави, атлетски градени и се најдобри во своето училиште.