13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Ја поминал ноќта во мртовечница: Лекарите го прогласиле за мртов, се пробудил неколку моменти пред аутопсија

Химанш Барадвиш кој „починал“ во сообраќајна несреќа во Индија, се разбудил неколку моменти пред аутопсијата.

Иако лекарите го прогласиле за мртов, патологот на самиот почеток пред аутопсијата почувствувал пулс.

Химанш во сообраќајната несреќа се здобил со тешки повреди. Откако неговата состојба се влошила, прво откажал неговиот мозок, а потоа настапила „смрт“. Ноќта ја поминал во мртовечница, пренесуваат индиските медиуми.

-Откако мозокот откажа, откажаа и респираторните органи. Исто така немаше ни пулс. Меѓутоа, неговите респираторни органи започнаа да работат следниот ден, вели лекарот Гедам.

Лекарот објаснил дека во некои ситуации прво настапува мозочната смрт, неповратен прекин на целата мозочна активност.

-Неговиот мозок и понатаму е мртов. Откако го известивме патологот, го упативме во Нагпур на лекување, рекол лекарот.

Овој случај предизвика реакција кај јавноста, поради што голем број на луѓе излегле на улиците во знак на протест обвинувајќи ја болницата за невнимателност.

Од друга страна, семејството на Химанш се заблагодарува на чудото што е жив.

Спонзорирано: