Жестока борба помеѓу мечка и тигар снимена со камера (Видео)

Во индискиот национален парк Тадоба неодамна дошло до борба помеѓу тигар и мечка.

Во потрага по вода, мечката со младенчињата се сретнала со тигар кој ја бранел својата територија.

Во Тадоба, инаку, веќе подолго време животните на високите температури тешко доаѓаат до вода бидејќи тигрите ги чуваат сите водени површини.

Мечката, најверојатно се судрила со тигарот поради мајчинскиот инстикт.

Тигарот се ладел пред водата, а кога ги забележал мечката со младенчињата потрчал кон нив, но мечката се спротиставила. Мечката се помирила кога тигарот ја соборил на земја. Сепак, и покрај сериозните повреди, успеала да се ослободи и да го избрка тигарот.