Утре дожд и снег низ Македонија, а еве што не очекува од петок!

Утре дожд и снег низ Македонија, а еве што не очекува од петок!

Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните делови (околу 15 л/м2). Дневната температура ќе се движи од 3 до 17 степени.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Потоа до недела времето ќе биде стабилно, суво и релативно топло.

Ваквите временски услови ќе предизвикаат интензивно топење на снежната покривка, особено на планините.