Цел свет во страв поради новата најмоќна руска ракета – може да направи кратер со големина на Колорадо

Новата руска нуклеарна ракета „Сармат“ или „РС-28“, наполнета со најразорната боева глава на светот, која вчера ја претстави рускиот претседател Владимир Путин, прави кратер со големина на Големиот кањон Колорадо.

Новата интерконтинентална балистичка ракета го заменува претходникот, познат како „РС20В војвода“.

Новиот проектил е тежок 200 тона и е единствен на планетава кој може да покрие 17.000 километри.

Проектилите ќе бидат сместени во наполнети 15 интерконтинентални балистички ракети од типот МИРВ, секоја со принос помеѓу 150 и 300 килотони, што е доволно за експлозија која може да направи кратер со големина на Големиот кањон.

Меѓутоа, Русите истакнуваат дека ќе биде употребуван само како заплашување.

„Сармат“ има повеќе боеви глави со најмалку 15 независно наведувани проектили кои ќе бидат групирани во облик на кластер.

Секој проектил може да се одвои од кластерот во моментот кога програмата во самата боева глава ќе одреди цел.

Одвоената боева глава ќе лета кон целта со хиперсонична брзина, менувајќи ја својата патека така што ќе биде невозможно да биде пресретната од систем за противракетна одбрана.