Путин објави: Развивме ново оружје кое никој го нема, сега сите ќе слушаат што имаме да кажеме

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека Русија развила нов вид вооружување и дека сега сите ќе слушаат што има Москва да каже.

„Пред изградбата на новото вооружување никој не не слушаше – сега ќе не слушаат“, рекол Путин во обраќање пред Федералното сообрание.

Тој додал дека Русија изградила беспилотни летала кои се повеќекратно побрзи од подморниците и торпедата и дека тоа е „едноставно фантастика“.

Русија е спремна да започне сериско производство на новите сурпер ракети РС-28 Сармат, кои НАТО веќе ги нарече „сатана 2“, а исто така и „воз на смртта“, односно железничкиот ракетен систем Баргузин, рекол Путин.

„Сите наши интерконтинентални ракетни комплекси можат да неутрализираат противракетна одбрана. Дури и напредните системи за противракетна одбрана не се пречка за руските комплекси Сармат“, додал Путин.

Тој прецизирал дека „Русија почнала да прави стратешко оружје кое воопшто не користи балистичка патека“ и дека тоа е недофатливо за противракетната одбрана.

„Никој нема такво оружје. Кога ќе се појави, нашите момци ќе направат нешто ново“, додал тој.