Еве како со сигурност ќе дознаете кој ве блокирал од Фејсбук

Кога некој ќе ве блокира на Фејсбук, автоматски станува невидлив на страницата и во апликацијата. Не сте во можност да го видите профилот, коментарите, а ниту да испратите барање за пријателство ниту порака на лицето кое ве блокирало.

Една од првите работи кои можете да ги направите е во пребарувачот да го побарате името на лицето. Доколку веќе не се појавува, две се најчести опции – или сте блокирани, или профилот е избришан.

Но, можно е и да се работи за приватни подесувања на профилот, така уредени што името едноставно не се појавува при пребарување. Доколку знаете дека имате заеднички пријател, и на неговата листа не го гледате бараниот профил, тогаш наверојатно сте блокирани.

Ако толку ви значи, можете да го замолите заедничкиот пријател да провери дали контактот се уште е на неговата листа пријатели.

Треба да знаете и дека профилите во некои случаи можат да бидат отстранети поради кршење на корисничките политики на Фејсбук.

Еден од најсигурните начини да проверите е да вчитате претходен разговор со контактот за кој се сомневате дека ве блокирал – доколку се појави известување за грешка, значи дека сте блокирани.

Доколку стои назив Фејсбук корисник наместо име, профилот е деактивиран.