19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Човекот кој имал задача да ме убие е во притвор

Откако неделникот „Фокус“ неодамна објави дека на 27 април во Собранието Зоран Заев требало да биде убиен, за што постои и снимен телефонски разговор,  премиерот Заев го потврди ова сознание, истакнувајќи дека човекот кој требало да го ликвидира е во притвор, објави „Фокус“.

-За деталите верувам дека правосудните органи ќе дадат соопштение или ќе информираат во соодветен период како се одвиваат судските постапки.

-Тука пред се мислам на судовите и на јавните обвинители. Јас знам дека човекот кој ја добил таа задача е во притвор, одговори премиерот Заев за „Фокус“.

Минатиот петок „Фокус“ објави дека постои телефонска снимка, снимена по неколку месеци од крвавиот четврток, а која го открива крвавото сценарио.

Спонзорирано: