Од понеделник повторно врнежи од дожд и снег – еве што не очекува

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла.

Преку денот ќе биде потопло, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено на планините.

Во недела ќе има зголемување на облачноста, преку ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег.

Од понеделник следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините од снег.