23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови детали: Откриен заговор за убиство на Зоран Заев

Планиран обид за убиство на Заев на 27-ми април во Собранието, објави неделникот Фокус.

Од обвинителството не одговорија за овие сознанија на весникот.

Фокус објави дека преку телефонски снимки е откриено дека наводниот атентатор се жалел дека немал чиста мета.

Телефонски разговор снимен по 27-ми април меѓу двајца учесници во насилствата на крвавиот четврток открива план за убиство на Заев во Собранието, неделникот Фокус ја објави оваа информација повикувајќи се на свои извори.

-Истражните органи обезбедиле телефонски разговор.

Едниот од нив го кара другиот и го прашува зошто не го убил Заев, кога тоа било договорт.

Соговорникот се правдал дека се обидувал но немал чиста мета, пишува неделникот Фокус.

Фокус цитира и друг телефонски разговор според кој еден од притворените осомничени на својот соговорник му викал дека копилето требаше да биде мртво, а според неделникот тоа се однесувало на Заев.

Весникот не објави имиња на луѓе чии разговори се објавени.

Спонзорирано: