10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Единствен рецепт за подготовка на чај од ѓумбир: Кога ќе дознаете колку е добар, ќе го пиете почесто

Посебно внимание треба да посветите на чајот од ѓумбир, бидејќи може да помогне во разни цели…

Со оглед на тоа што во ѓумбирот се наоѓаат многу активни материи, има антибактериско, антивирусно и антигабично дејство.

Препорачливо е чајот од ѓумбир да го користите како би го зајакнале имунитетот, а со самото тоа да спречите вашиот организам да биде нападнат од некоја болест.

Многу состојки кои се наоѓаат во оваа билка поседуваат антивоспалително дејство, па можете да го користие за лечење болести, но и за да се ослободите од болки во зглобовите и мускулите.

Употребата на ѓумбир ја подобрува работата на мозокот, помага при концентрација и памтење.

Освен тоа, ќе се решите од дијареја, мачнина и повраќање.

Состојки: 1 чаша вода, 5 парчиња корен од ѓумбир, 1 лажичка мед

Начин на подготовка:

Ставете ја водата да зоврие, а за тоа време излупете ѓумбир и исечете ги потребните парчиња. Во зовриената вода додајте ги парчињата ѓумбир, оставете ги 5 минути да се готват, а потоа тргнете го садот од оган.

Во изладениот чај додајте мед и напивката е спремна за консумација.

Спонзорирано: