Жената печела леб секое утро, тоа била нивна традиција. Пресекла две парчиња и ги прмачкала со путер, дофатила парче од средина како би го дала на сопругот, а за себе ја оставала кората…
Помислила: „Денес, кога славиме 30 години брак, за доручек сакам парче од средината на лебот. Сонувам за тоа цело време.
Бев примерна жена 30 години и ги изгледав нашите синови да бидат доби луѓе. Вложив толку поради добробитта на нашето семејство!“
Одлучила на сопругот да му ја даде кората, но раката и затреперила што ја прекинува традицијата долга 30 години!
Мажот го прифатил лебот и рекол: „Денес ми даде преубав подарок, драга.
Цели 30 години за доручек не сум го добил делот со кората кој толку го сакам, бидејќи сепак праведно е ти да го добиваш она што најмногу го сакаш! Фала ти!“