9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Плачел по мртвото синче (2), а потоа слушнал: „Тато, ќе ми донесеш ли чаша вода“

Сигурно сте слушнале како некои лица се прогласени за мртви, а потоа оживеале. Не, тоа не се урбани легенди. Такви ситуации навистина се случуваат.

Таткото на двегодишниот Келвис Сантос доживеал вистински шок кога сфатил дека неговиот син е сепак жив, иако во болница го прогласиле за мртов! Бизарниот случај се случил во 2012 година во Бразил.

Тогаш двегодишниот Келвис престанал да дише во болница, каде лежел поради тешко воспаление на белите дробови. Лекарите го прогласиле за мртов, а семејството го презело неговото тело за погреб.

Семејството цела ноќ останало да бдее над телото кое лежело во отворен ковчег. Само еден час пред закопот, додека неговиот татко непрекинато плачел, момчето станало и рекло дека сака вода.

„Тато, ќе ми донесеш ли чаша вода“, прашало збунетото момче, на кое не му било јасно зошто сите околу него плачат.

– Не можевме да веруваме. Мислевме дека се случило чудо и дека нашиот син е жив. Но, само пак легна. Веќе не можевме да го пробудиме. Беше мртов, раскажал таткото Антонио.

Синот веднаш го одвеле во болница, но лекарите потврдиле дека момчето не дава знаци на живот.

– Ме уверуваа дека починал и не ми го објаснија тоа што претходно го видов и го слушнав, рекол Антонио.

Семејството се одлучило да го одложи погребот за еден ден во надеж дека момчето повторно ќе се разбуди, но желбата не му се остварила. Момчето е погребано наредниот ден на локалните гробишта.

Уверен дека синот е жртва на лекарска грешка, Антонио Сантос го пријавил случајот.

– Само 15 минути откако го однесовме за да го реанимираат, дојдоа да ми кажат дека починал. Мислам дека не го прегледале добро. Починатите не можат само така да се пробудат и да зборуваат, одлучен е таткото.

Локалните власти потврдиле дека двегодишникот е примен во болница во критична состојба и дека е прогласен за мртов откако престанал да дише.