3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Возач на автобус забележал кучиња скитници на улица за време на бура – потоа го запрел автобусот и ги прекршил сите правила за да го направи ова

Возач на автобус забележал кучиња скитници на улица за време на бура – потоа го запрел автобусот и ги прекршил сите правила за да го направи ова

Да се биде на улица за време на бура е навистина ужасно. Природата е исклучително моќна сила, па силните ветрови во комбинација со дожд се многу опасни по луѓето и животните. Кога размислуваме за подготовки за бура, многу често забораваме на животните кои остануваат надвор на невремето.

Возачот на овој автобус забележал кучиња скитници на улица за време на силна бура. Веднаш сфатил дека мора нешто да направи па го запрел автобусот и ги отворил вратите.

Иако некои луѓе мислат дека бурите се возбудливи, тие и не се толку возбудливи за оние кои се наоѓаат надвор. Луѓето можат да се засолнат во блиските маркети или ресторани, додека животните кои немаат дом не можат тоа да го направат. Можат да се обидат да се сокријат во некој ресторан, но веројатно брзо ќе бидат избркани.

Но понекогаш се наоѓаат херои кои внимаваат на животните. Еден од нив е и овој возач на автобус во Буенос Аирес, Аргентина, кој на улица забележал неколку кучиња скитници.

Во овој град не е дозволено да се внесуваат кучиња во автобуси, но тоа не го спречило овој возач да им помогне на овие кучиња. Го запрел автобусот и ги внел внатре.

Кучињата биле многу среќни што се тргнале од дождот, па седнале во близина на возачот. Патниците ги забележале кучињата и ги сликале, а фотографиите го обиколиле светот за само неколку часа.

Иако ги прекршил правилата, неговиот шеф бил воодушевен од неговата реакција.

 

Спонзорирано: