Нема слава без посни кифли – еве како да ги направите

Кифли какви што посакува секој гостин!

Состојки: 1 кг брашно; 1/2 л масло; 1,5 чаша пиво; 2 кесички прашок за печиво; 2 лажици шеќер; сусам; 1/2 лажичка сол; кисела вода

Начин на подготовка:

Во чинија со брашно ставете прашок за печиво, две лажици шеќер и половина лажичка сол. Кога ќе ги измешате, полека додајте прво масло, а потоа и пивото, како и малечка чашка (за ракија) кисела вода. Од тоа замесете тесто, додека не добиете глатка хомегена маса.
Поради прашокот за печиво, бидете подготвени кифличките да се зголемат, па замесете ги потенки и помали. Премачкајте ги со кисела вода и – доколку сакате да ги послужите со солена трпеза – посипете со малку крупна сол која подоцна убаво ќе крцка.

Наредете ги во плех кој сте го премачкале со маргарин и печете на 200 степени. Кога ќе поруменат, намалете ја температурата на 180 степени.

Кога ќе бидат готови, извадете ги од рерна и веднаш прекријте ги со чиста платнена крпа, не притискајќи ги.

Добар апетит!