За неколку дена „Супер Месечина“ која изобилува со енергија – еве што треба да направите

Најголемата Супер Месечина во 2017 година ќе имате прилика да ја видите во недела, 3-ти декември.

Тој ден Месечината ќе биде најблиску до Земјата, поточно на „само“ 358.400 километри оддалеченост. Месечината ќе изгледа 7 отсто поголема и 16 отсто посјајна отколку обично.

Енергијата на Супер Месечината може да биде добра за вас ако правилно ја искористите. Може да го зголеми нивото на позитивна енергија, а може и да ги измеша вашите чувства.

Следните пет Фенг Шуи совети ќе ви помогнат правилно да ја искористите нејзината енергија.

Воздржете се

Не влегувајте во расправии, караници, не се лутете. Полната Месечина е време кога треба да бидете мирни, да оставите некои работи. Тоа е време кога – дишејќи длабоко – треба да поминете низ потешкотиите и да им простите на другите. Обидете се да одржувате баланс и добра енергија.

Мислете позитивно

Секако треба да мислите позитивно, но посебно за време на полна Месечина.

Сонувајте, привлечете изобилство

Замислете како ви се остваруваат соништата. Периодот на полна Месечина е одличен за унапредување на оваа техника.

Медитирајте

Бидејќи полната Месечина дава голема енергија, медитацијата ќе ви биде од голема помош во секој поглед.

Испратете добра енергија до оние на кои им е потребна

Кога ќе помине најголемиот бран енергија на полната Месечина, испратете малку добра енергија, простување и добрина на пријателите, семејството, колегите, па и на целосни странци.