Синоптичарите најавуваат топол и влажен бран – еве од кога

Нов влажен и релативно топол бран со обилни врнежи од дожд ќе има од утре до сабота. Утре ќе дува засилен јужен ветер, а врнежите ќе бидат пообилни во западните делови.

Во петок обилни врнежи се очекуваат на повеќе места,а во сабота во источните делови каде ќе има услови за појава на грмежи. Снег ќе има само на високите планини.

Од целиот влажен бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м2, а во крајните западни делови локално и околу 100л/м2 дожд.

Во недела и понеделник врнежите ќе бидат локални, а температурите ќе бидат во опаѓање.