11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Не постои повкусно јадење: Топчиња од компир полни со сланина

Лесно се подготвуваат, а изгледаат неверојатно!

Состојки: 1/2 кг компири; зачини; путер; малку млеко; 100 гр сланина исечкана на коцки; тврдо сирење (може и кашкавал); 2 јајца; малку масло; брашно; презла

Начин на подготовка:

Згответе ги компирите па изгмечете ги како за пире. Во смесата додајте сол и бибер, пипер и рузмарин (по вкус), малку путер и млеко, па оставете малку да се излади.

Направете топчиња од целиот материјал, а потоа извалкајте ги во брашно, па во разматени јајца, па во презла.

Пржете ги на масло додека топчињата не ја променат бојата во златна.

Послужете со лут доматен сос и уживајте!

Спонзорирано: