Манекенка гола прошета во трговски центар (Видео)

Мариа Лучиоти, американски фитнес модел, прошетала во шопинг центар во Тоуснон, во американската држава Мериленд, а на себе имала само „нацртана облека“.

Тоа бил експеримент колку луѓе ќе забележат дека девојката не носи облека. Група визуелни уметници внимателно насликала фармерки и маица на манекенката, креирајќи реален изглед на облека, пишува Дејли Мејл.

Целиот случај е забележан со камера, а минувачите брзо сфатиле дека девојката не носи „вистинска“ облека. Некои гледале во неверување, а некои снимале со своите мобилни телефони.

Видеото за само неколку дена собра преку милион прегледи.

Погледнете за што се работи…