23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Швајцарско село нуди: „Дојдете живејте во нашето село, ќе ви платиме 25.000 франци по човек“

Жителите на швајцарското село Албинен, во кантонот Вале, за десет дена ќе одлучат за новата политика со која на странци ќе им понудат пари да дојдат и барем десет години да живеат во селото. Се работи за сума од околу 70.000 франци за четиричлено семејство.

Малото село во кое моментално живеат 240 жители, е едно од многуте во Швајцарија, кои последните години доживуваат големо иселување на жителите.

Иако во селото постојат бројни викендички, жителите, посебно младите семејства, си заминуваат. Само во последната година селото го напуштиле три семејства со вкупно 8 деца, па локалната власт била принудена да го затвори селското училиште, пишува TheLocal.ch.

Жителите на селото бараат од локалната власт да направи нешто за во селото да се врати животот, но и за да се обезбеди иднината и опстанокот на селото.

Планот на локалниот Совет е на семејства или поединци, странци, кои ќе се одлучат да купат или изградат куќа во Албинен, да им подарат по 25.000 франци за секое возрасно лице во семејството и дополнителни 10.000 франци по дете.

Четиричлено семејство, според тој предлог, би добило бонус од 70.000 швајцарски франци.

Но, постојат и услови кои треба да се исполнат. Возрасните мора да бидат помлади од 45 години и да прифатат да живеат во селото најмалку 10 години.

При купување или изградба на куќа треба да вложат најмалку 200.000 франци и недвижнината мора да биде постојан дом, а не викендичка.

Албинен е село кое се наоѓа на 1.300 метри надморска висина, со поглед на долината Рона

Спонзорирано: