Оваа напивка може да води во прерана смрт: Се работи за пијалак кој го користат многумина

Напивката која многумина ја користат како прва помош против замор сериозно може да го загрози здравјето на организмот.

Многумина сметаат дека оваа напивка не е штетна, но истражувањата покажуваат дека е еден од причинителите за физички и психички заболувања, пишува „Lepa i srecna“.

Енергетските пијалаци содржат голема количина шеќер, 4 пати повеќе кофеин од кафето, витамини, минерали и стимуланси кои не се хранливи.

Голема количина на кофеин и шеќер може сериозно да го зголеми крвниот притисок и да го загрози здравјето на срцето. Истражувањата потврдуваат дека овие пијалаци предизвикуваат дебелеење, несоница, болки во стомакот, иритации на цревата и оштетувања на бубрезите.

Ако се пијат во големи количини ја загрозуваат психичката состојба, па се јавува агресивност, голема чувствителност на стрес и анксиозност.

Британската агенција за регулирање на стандардите за храна како дозволена дневна доза кофеин пропишува помалку од 400 мг, а само еден мал енергетски пијалак од 250 мл има 80 мг.

Истражувачите истакнуваат дека постојат доволно докази дека енергетските пијалаци негативно влијаат на здравјето, а посебно внимание треба да обратат родителите бидејќи овие напитоци се лесно достапни за децата.