12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Народни верувања: Какво што ќе биде времето на Аранѓеловден, така ќе биде цела зима

Православните верници денеска го слават големиот празник Архангел Михаил.

Архангел Михаил е водач на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.

Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.

Има многу народни верувања за овој ангел: велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе – не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.

Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја, па затоа на неговиот ден никако не треба да ги избркате сиромашните и просјаците од куќниот праг, бидејќи можеби баш еден од тие просјаци е Архангел Михаил.

Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет.

Спонзорирано: