ОВАА ПРИКАЗНА ЌЕ ВИ ЈА ЗАЛЕДИ КРВТА: Автостоперка запрела момче, а она што се случило потоа…

На интернет се појави приказна која ќе ви ја „заледи крвта“, но чија вистинитост не е потврдена, па може да се смета за урбана легенда.

Како што вели приказната, момче во својот автомобил примило убава автостоперка.

Младиот човек се враќал дома кога здогледал згодна девојка како стопира. Го запрел автомобилот и и` понудил да ја пренесе до град, на што девојката се согласила. Разговарале цело време, се смееле и брзо стигнале до местото, каде девојката го напуштила возилото.

Наскоро, тој сфатил дека шалот на девојката останал во автомобилот. Се сетил на разговорот од каде е таа, па одлучил да и` го врати. Во блиското село затропал во неколку куќи, но пред да се откаже, вратата на последната куќа ја отвориле постар човек и жена, а тој помислил дека тие се родителите на автостоперката.

Човекот го зел шалот и се заблагодарил, а неговата сопруга одлучила на момчето да му објасни дека шалот навистина припаѓа на нејзината ќерка, но дека таа е мртва веќе 10 години. Загинала токму на тоа место каде момчето ја примило во автомобилот, а тие секоја година во исто време им ја отвараат вратата на лицата кои го носат истиот шал.