7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Протече ТАЕН РЕЦЕПТ: Еве како да направите идеално тесто за пица!

На интернет објавен е рецепт за тесто за пица од една од позната пицерија. Рецептот е оригинален, а пицата совршена…

Половина килограм брашно ставете во еден сад. Потоа по ред додадете ги состојките: две лажички сол, една лажичка шеќер, 5 грама сув квасец (нешто помалку од цела вреќичка вообичаено пакување од 7 грама). Кога сте готови со сувите состојки, додајте ги останатите – 0,3 дл. млеко, 2,3 дл. вода и 0,3 дл. маслиново масло.

Измешајте ги сите состојки во садот додека не добиете форма на тесто, а потоа продолжете да месите на глатка површина.

Глатката површина на која го месите тестото задолжително наросете ја со брашно.

Откако ќе го замесите тестото, вратете го во садот, покријте го со чиста крпа и оставете го да одмара на топло околу еден час.

Тестото растегнете го на побрашнета површина, а потоа поставете ги саканите состојки.

Спонзорирано: