БОМБИЦИ ГОТОВИ ЗА 5 МИНУТИ: Неодолив микс од банана и бисквити

Не се мачете со подготовка на рафаело колачиња или други комлицирани рецепти. Овие бомбици ќе ги направите за 5 минути, а многу се вкусни!

Состојки:

200 гр кокос
2 банани
200 гр шеќер во прав
200 гр мелени бисквити

Начин на подготовка:

Испасирајте ги бананите и додајте шеќер во прав. Сè заедно добро измешајте. Ставете 100 гр кокос и мелени бисквити.

Кога ќе добиете изедначена смеса, со раце обликувајте топчиња и извалкајте ги во останатиот кокос.

Уживајте!