РУЧЕК ЗА 5 МИНУТИ: Ви пренесуваме рецепт кој го освои светот (ВИДЕО)

Ако немате идеја што да направите за ручек, ви пренесуваме едноставен рецепт за брз, но вкусен оброк.

Состојки:

компири
масло за готвење
јајца
брашно
сол
бибер
шунка
кашкавал

Припрема:

Сварете компир во лушпа, па излупете го и изрендајте го, па додајте масло, јајца, сол и малку бибер. Додајте брашно и замесете цврсто тесто.

Во загреана тава ставете малку масло, па половина од тестото развлечете го на дно.

Преку тестото ставете шунка и кашкавал, па преку тоа ставете го другиот дел од тестото.

Печете неколку минути од секоја страна, односно додека не зарумени.

На здравје!