11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

ЧОКОЛАДНА МАГИЈА: Домашна бајадера за само 20 минути

Оваа вкусна чоколадна магија ќе ја засакате уште повеќе кога ќе научите да ја подготвувате за само 20 минути!

Состојки:

9 лажици вода
200 гр. шеќер
150 гр. мелени ореви, бадеми или лешници
250 гр. мелени бисквити
170 гр. путер
100 гр. чоколада за кување

За глазура:

100 гр. чоколада за кување
малку масло

Припрема:

Во тенџере додајте вода и шеќер и загрејте ги на слаб оган додека шеќерот потполно не се растопи. Додајте го путерот, тргнете го тенџерето од оган и мешајте додека не се растопи. Кога путерот потполно ќе се стопи, додајте ги оревите и бисквитите, а потоа мешајте додека не добиете густа изедначена маса.

Добиената маса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадата растопете ја на пареа и измешајте ја со првиот дел од масата. На послужавник ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од масата (со чоколадо) и со раце обликувајте квадар, па горниот дел и рабовите израмнете ги со нож.

На него на ист начина ставете од другата маса и направете го истото. Остатокот од чоколадата растопете ја на пареа, во неа додајте малку масло и прелијте ја бајадерата. Бајадерата оставете ја во фрижидер, а наредниот ден исечете ја на коцки и послужете.

Спонзорирано: